Активирани се бунарските постројки за вода, откако се појави недостиг во градската водоводна мрежа. ЈКП Водовод и канализација објави дека била намалена дарежливоста на изворот Студенчица, од каде граѓаните се снабдуваат со вода, едновремено е зголемена потрошувачка.
Поради нарушено водоснабдување на градот ставени се во употреба дел од бунарите за да се нормализира водоснабдувањето во сите делови од градот. ЈКП Водовод апелира на рационално и совесно користењето на пивката вода”.
![]()

