Над 13 илјади евра ќе бидат донирани на семејствата од трагедијата во Кочани и за поддршка на културата во ЦК “Марко Цепенков”. Тоа е епилогот хуманата мисија од продажбата на билети и од спонзорите на музичкиот спектакл Еар Фло мјузик на спортскиот аеродром кај селото Мало Коњари.
– Средства се за поддршка на повредените од пожарот во Кочани и за потребите на ЦК “Марко Цепенков”. За целосна транспарентност, ќе објавиме доказ за донацијата. Им благодариме на сите за хуманиот гест. Изразуваме благодарност до Аероклубот Прилеп за бесплатно обезбедениот простор и уникатната сцена со авиони и другите донатори за одличната логистика и организација – напишаа организаторите.
На манифестацијата учествуваа прилепската рок група Лок Даун, Д Хаундс и неколку Диџеи.
![]()

