Станојоски во српски шампионат

Шах

Од вчера (четврток) до 28 септември во Бајина Башта се одржува Првата шаховска лига на Србија во машка конкуренција, со учество на 12 екипи. Во екипата Радник од Сурдулица настапува велемајсторот Звонко Станојоски од Прилеп. Член е веќе неколку години. Придонесе во прогресот на клубот од третолигашкото во прволигашкото друштво. Соиграчи му се 10 Срби и 1 Бугарин – ВМ Иван Чепаринов.

Пријавени се 111 шахисти од 15 држави.

Loading