Промоција на кандидатот за градоначалник Дејан Проданоски и советничката листа на ВМРО – ДПМНЕ
Кандидатот за градоначалник на општина Прилеп, Дејан Проданоски од ВМРО – ДПМНЕ на промоцијата и претставувањето на кандидатите за советничката листа на ВМРО – ДПМНЕ истакна дека ќе се развива градот и ќе биде европски, град на културата.
– Ќе покажеме дека Прилеп во почетокот кога ја градеше оваа држава ги даде најголемите херои, ги даде најуспешните луѓе коишто тргнаа напред, ја формираа оваа држава. И сега, во втората и во третата деценија на 21 век, има луѓе со храброст, одлучност и голема обврска кон сограѓаните да одат понатаму, да го развиваат овој град и да го направат што треба да биде, европски, град на култура, град на среќни граѓани, град што опкружува, среќни и успешни луѓе”, истакна Проданоски.
![]()

