Фудбал: Втора лига
Тешка есен за двата претставника од ОФС Прилеп во Втората лига. Досега на 8 меча освоен е само 1 бод. Ако Г. Коњари со 4:0 загуби од Шкендија А., мечот на Победа со Охрид можеше да биде позитивен. Домаќинот поведе со 2:0 (преку Андреј Петрески во 9. и на Давид Дебрешлиоски во 13. минута), но не издржа. Охриѓаните дадоа 1 гол во првото полувреме, уште 2 по одморот, па резултатот 2:3 е во нивна полза. В сабота (15.30 ч.) е петтиот есенски обид. Екипата Победа му гостува на Скопје, Големо Коњари игра дома со Осогово.
Табела: Кожуф, Брегалница Ш., Шкендија А. и Беласица 10, Охрид и Скопје 7, Детонит, Новаци и Тетекс 6, Саса 5, Осогово 4, Слога В., Преспа и Вардар Н. 3, Победа 1, Големо Коњари 0.
![]()

