За првпат во Прилеп и во Центарот за култура „Марко Цепенков” ќе гостува Битолскиот камерен оркестар кој на 26 септември од 20 часот ќе го реализира проектот IWConnect и MTV The Greatest Hits 80s & 90s.
Публиката во големата сала ќе има ретка можност да ужива во незаборавните хитови од златната доба на музиката, во нови аранжмани, со врвни вокали и бенд, придружени од моќниот звук на оркестарот.
Влезниците за концертот се во продажба и можат да се набават секој работен ден на билетарницата од Центарот од 10 до 12 часот.
![]()

