Ракомет
Во 2. рунда од Супер лигата за мажи, екипата Прилеп дома со 33:32 го совлада Куманово. Незивесен меч до крајот со еден гол разлика. Најефикасен е домашниот капитен Димитар Димитриоски (12 гола), кому соиграчи му беа: Александар Тренчевски, Владан Кастратовиќ 2, Пеце Рајатоски 4, Филип Адамчески, Иван Ангелески, Ангел Крстески, Илчо Ивчески, Божидар Илиески 1, Денис Шабановиќ 6, Стефан Христоски, Томислав Квастек 3, Божидар Лековиќ 5, Марио Столески, Јован Соколоски и Павел Лазоски. За екипата Прилеп и тренерот Наум Танески следен предизвик е Бутел во Скопје.
Женскиот тим Деспина, по победата во Скопје (Шампион – Деспина 12:29) и поразот во Прилеп (Деспина – Атлетик Скопје 19:28), паузира до 27 септември, кога гостува кај Јехона во Гостивар, во 3. коло од Првата лига.
![]()

