Кога е се’ јасно, треба да постане и гласно.
*
Лица со мала душа можат да водат само мала политика.
*
Многумина сакаа да летаат, а не знаат дали има пилот во авионот.
*
Ми рече, ти реков, ама тој – одрече.
*
Лесни мажи по правило, имаат тешки жени.
*
Новите измамници и со стари лаги успеваат.
*
Кога оро водат криминалот и корупцијата, нема каде да се фати народот.
“Д-р Хаџи-Васков”
![]()

