20 стипендии за бруцоши на  Економски

Локална самоуправа

Локалната самоуправа продолжува со поддршка на образованието на младите. Објави повик за доделување на стипендии за студенти од Општинава за прва година на Економскиот факултет.

Стипендиите се наменети за најдобрите студенти, истакнати со успехот и постигнувањата и за студенти од социјално ранливите категории, на кои оваа поддршка им е особено потребна.

Со оваа мерка Прилеп вложува во иднината, давајќи им шанса на младите да се развиваат, да учат и да останат да градат успешна кариера токму во својот град.

Loading