,,150 години Тут – Ком Прилеп 1873 – 2023”

,,150 години Тут – Ком Прилеп 1873 – 2023” од д – р Љубен Попоски претставува уникатно дело кое го одбележува богатото стопанско и културно наследство на градот Прилеп.

Тутунот, како една од најважните земјоделски култури во Македонија, со децении има клучна улога во развојот на националната економија. Особено во Прилеп, тој не е само растение – туку симбол на традиција, труд и идентитет.

Тутунската индустрија мобилизира милионска работна сила, започнувајќи од примарното производство, преку обработката и производството на цигари, па се до прометот на тутунски производи и придружната индустрија. Со тоа таа создава синџир на вработувања и воедно ја ангажира науката за истражување на сите аспекти поврзани со оваа култура.

И покрај современата антипушачка пропаганда, тутунот останува специфична култура со постојан интерес ширум Светот. Со оваа книга д – р Попоски нуди сведоштво за историјата, развојот и значењето на тутунот во Прилеп и пошироко, претворајќи ја во драгоцен извор за идните генерации.

Loading