Во библиотеката
Во библиотеката беше промовирана мултимедијалната збирка на песни, куси раскази и цртежи “Талкање низ емоции и држави”. Тоа е зборник на дела на македонски и на англиски јазик. Застапени се поетски и прозни текстови на писателите од Македонија, од Германија, од Грција, збогатени со цртежи, портрети на авторите, како и цртежи, инспирирани ликовни читања на текстовите од уметниците.
Проектот е финансиската поддржан од идејниот творец и застапена авторка, италијанската научничка и писателка Марилена Стреит-Бианки. Според неа, дело е природно продолжение на претходната македонско-англиска колекција објавена под наслов “Емоции”.
Преводите на англиски се на Лидија Митоска – Ѓорѓиевска, Драгица Здравеска и Зорица Трајаноска.
Збирката е издание на ЈОУ Градската библиотека “Борка Талески” за одбележувањето на 80 години од постоењето. и дејност.
![]()

