Ракомет
Ракометот обично е во сабота, но овојпат е исклучок. Во рамките на 2. рунда од Супер лигата за мажи, екипата Прилеп в недела (18 часот) дома, во салата од СОУ “Ристе Ристески – Ричко”, игра со Куманово. Можност за први бодови за прилепскиот тим, иако нема да е лесно, оти плодниот старт на Куманово победи дома 34:32 Радовиш. Претходно, на отворањето на сезоната, Прилеп дома загуби со 29:32 од Еурофарм Пелистер 2. Не успеа на битолскиот тим да му врати за поразот од 26:32 во финалето од турнирот “Миле Нешкоски”.
В сабота (19 ч.) сепак има ракомет, но женски. Во салата од СОУ “Ристе Ристески – Ричко” е дуелот од 2. рунда на Првата лига за жени, Деспина (Прилеп) – Атлетик (Скопје). Прилепскиот тим првиот првенствен меч го одигра синоќа, во Скопје, со тимот Шампион.
Тренер на Прилеп е Наум Танески, на Деспина Зоран Спиркоски.
![]()

