Фудбал: Втора лига
В сабота од 15.30 часот е 4. коло од Втората лига. Четврт обид на претставниците од ОФС Прилеп да стигнат до првата победа или барем да се поправи досегашниот лош впечаток.
Екипата Победа дома, на игра со Охрид. Тежок меч, оти Победа загуби од Новаци 2:0, одигра дома нерешено 2:2 со Саса, загуби дури 5:0 во Ресен од Преспа. Во вторникот дома за купот 4:0 од прволигашот Башкими. За Охрид се знае дека дома одигра 1:1 со Беласица, во Арачиново загуби со 2:1 од Шкендија, дома со 2:0 го совлада Осогово, а за Купот дома со прволигашот Брера изваде 1:1, на пенали 5:3.
Екипата Големо Коњари по трите порази – дома 0:4 од Детонит, во Виница со 5:1 од Слога, дома со 1:7 од Беласица, сега гостува кај Шкендија во Арачиново.
Табела: Беласица, Брегалница, Шкендија и Кожуф по 7, Детонит и Новаци 6, Охрид, Осогово и Скопје 4, Слога, Преспа, Вардар и Тетекс 3, Саса 2, Победа 1, Големо Коњари 0.
![]()

