Бугаринот Стојанов во Младост 96!

Пинг-понг

Машката екипа Младост 96 го зеде Бугаринот Георги Стојанов (Пелагонија, Битола), како и Ѓоко Јочкоски (Младост), човек за две улоги – играч и тренер. Други играчи се: Србинот Ѓорѓе Борчиќ, Антонио Стомнароски, Андреј Лашкоски, Нико Доага, Петар Костовски и Трајче Маркоски.

Во женската екипа, нови се Ива Димитриевска и Матеја Смолиќ (Рисови, Скопје), Софија Хасану (Младост), Стела Цариду (Грција). Младинскиот машки тим ги задржа Давид Јоноски, Мартин Ристески, Лука Огненоски, Трајче Маркоски, Огнен Илиески и Петар Ристески. Сите три тима се кандидати за првите места во лигите.

Со тренинзите раководи Ѓоко Јочкоски, бидејќи досегашниот тренер Гоце Тошески има понуда да ја продолжи кариерата во Макарска (Хрватска),

Loading