Во пријатна атмосфера, со многу гости, со убава музика, синоќа во црно бела вечер, бидејќи гостите беа облечени во црно бел дрес код, Фризерското студио ТЕА, предводено од Дејан Јаковлески, одбележа 30 години од постоењето.

Дејан вели дека три децении минале во стрижење, играње со бои и фризури, поминале многу часови во смеа, но и поддршка од неговите клиенти. Потенцираше дека трите децении брзо минале, не заборавајќи да ја посочи поддршката на неговиот втор дел, сопругата Ирена, која е негова десна рака, а дека името на Фризерското катче е по неговата ќерка Теа.

Но, денес не бил тоа што е, доколку клиентите не му ја дале нивната поддршка да ги средува нивните коси и затоа тој синоќа на сите присутни им се заблагодари за довербата, со нагласување дека и понатаму ќе продолжи да ги разубавува.

На крајот од своето обраќање, побара прошка што синоќа дамите и господата останале без неговите фризури, но најважна била забавата во црно белата ноќ, од која ќе останат спомените.
![]()

