Стартот е на 14 септември

Фудбал: Трета лига

Првото коло е закажано за 14 септември од 16 часот воо претстојната сезона од Третата лига – Југ со 14 тима. Еве ги двојките: Превалец (Велешко) – Млекар (Мало Коњари), Питу Гули (Крушево) – Дреново (Кавадаречко), Слога (Лажани) – Башкими (Горно Јаболчиште, Велешко), Младост (Кривогаштани) – Ултрас (Прилеп), Бучин (Крушевско) – Венец (Долни Дисан, Кавадаречко), Росоман (Кавадаречко) – Борец (Велес), Влазними јуниор (Пресил, Крушевско) – Тополка (Превалец, Велешко).

Половина од екипите се членови на ОФС Прилеп: Младост, Слога, Ултрас, Влазними јуниор, Питу Гули, Млекар и Бучин. Од претходната сезона го нема Големо Коњари, тим којшто е во повисок ранг – Втората лига.

Есенскиот дел се игра до 7 декември.

Loading