Ракомет: Деспина
Во Женскиот ракометен клуб Деспина на местото од Адријано Котевски, заминат во Грција, нов шеф на Стручниот штаб е Зоран Спиркоски. Тој раководи со подготовките за Првата лига, ранг во кој целта е врвот од табелата.
– Иако сме без 10 ракометарки, од останатите, водени од асистентката, тренер-играч Мери Гичева, имаме пак добра екипа. Одиме на висок пласман, кон првото или второто место, кон обезбедување бараж-меч за Супер лигата – вели Спиркоски.
Се тренира веќе 11 дена во салата на СОУ “Ристе Ристески – Ричко”. Можен е пријателски меч до првенствениот старт на 6 септември кога Деспина ќе му гостува на Шампион во Скопје.
Други екипи се: Јехона (Гостивар), Стружанка (Струга), Овче Поле СУ (Свети Николе), Ѓорче Петров МРК (Скопје) и Атлетик (Скопје).
![]()

