Признание за Пажески од Сивец

За  Денот на рударите

За празникот на рударите, 28 август, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини додели признанија на 13 рудари од различни рудници низ земјата. Меѓу нив е Златко Пажески од рудникот Сивец на Мермерниот комбинат.            

Министерот Сања Божиновска порача дека рударите се темелот на економијата.

– Државата има должност да обезбеди подобри услови, поголема безбедност и современа опрема на рударите. Ќе се поддржуваат сите компании што инвестираат во безбедноста, се грижат за животната средина и за локалните заедници. Македонија не е место каде не важат правила. Заврши времето на компромиси. Законот важи за сите – рече Божиновска.

Последниве години се одземени 45 концесии поради непочитување на правилата.

Со доделувањето на признанијата, Министерството испрати порака дека рударството ќе остане силен и одржлив столб на македонската економија, со врвен приоритет секој рудар да биде безбеден и горд кога се враќа дома.

Loading