Фудбал: Втора лига
В сабота од 16.30 часот е 2. коло од Втората лига. Втор обид на прилепските екипи да се освои бод, бидејќи првиот беше неуспешен. Победа загуби 2:0 во Новаци, а Големо Коњари 0:4 дома од радовишки Детонит.
Победа ја чека Саса од Каменица. Тест за младинско-кадетскиот домашен тим против ривал што на стартот дома одигра 1:1 со кочанското Осогово. Во прилепскиот тим можно е појавување нови играчи, бидејќи преодниот рок е до 6 септември.
Екипата Големо Коњари гостува кај Слога во Виница. Голем успех би бил нерешен резултат. Домашната Слога на првиот меч загуби на гости од Скопје со 1:0. Според ова, двете екипи се борат за првиот бод.
Табела: Детонит, Шкендија А., Новаци, Вардар Н. и Скопје по 3, Осогово, Охрид, Беласица, Брегалница Ш., Саса и Кожуф по 1, Слога, Тетекс, Победа, Преспа и Г. Коњари без бод.
Покрај првенствени, има натпревар и за Куп – на 9 септември Победа дома игра со кумановски Башкими.
![]()

