Чешмата „Сарачана“ 

Господова 1915 година. Сиромаштија – немаштија во Прилеп. Градот живее во ритамот на борбата со голиот живот. Се чувствува здивот на древното. Старата чаршија животари во свој пулс. Се распослала калдрмена широка улица. Една ја викале “Улица на сарачите”. Водела кон Сатот. Тоа биле занаетчии  кои правеле амути, и од кожи ремени и други производи.

Тука е дуќанот на Марулец. Бил за опинци. Дуќаните се интересни, заштитени со стари железни кепенци. На аголот Сарачлија чешма им ја гасне жедта на прилепчани.

Мноштво од нив облечени во чоени пантолони, волнени блузи, се со качкети. По некој калфа и чирак излегол да го вдиши мирисот на чаршијата. И тоа е дел од прилепскиот дух. Жени во облека, сега народна носија, низ чаршија итаат по семејни потреби. Покрај чешмата, која и денес постои, заскитан војник. Сопствениците на кафетерии ја одржуваат чешмата. Многумина го негуваат духот на сарачите, не знаејќи за приказната за “сарачана”. 

Loading