Кошарка
Неверојатен интерес предизвика турнирот во баскет “КГЈ3Х3” на отвореното игралиште во ОУ “Кире Гаврилоски – Јане”. На 15-тото издание трите дена се собраа околу 3.000 гледачи. Тоа е бројка за почит, бројка што вреди и кога се играат првенствени натпревари во повеќе спортови. се играше во три категории. Во сениорската, меѓу 16 тима најдобар е со интересно име Кафе бар Читална. Во финалето со 17:13 победи против Дизниленд. Во младинска конкуренција до 17 години победник е екипата на Дама со победа од 21:19 против Еуротерм. Во новата категорија за корпорации, Матадор е првак по победата од 14:8 во финалето против Балчак.
Организаторите (Стефан Стевананџија, Стефан Костоски и Марио Маџоски) привлекоа учесници од повеќе македонски градови, дури и од Турција.
![]()

