Поетесата Јасмина Колеска Кзуманоска, член на Клубот на литературни творци – Прилеп, е автор на песната “Кочо Рацин – дете од Велес”, што ја промовираше канадската група Мистерија. Младиот бенд од Торонто е составен од шестмина музичари од 19 до 30 години со македонско потекло и професионално музичко искуство.
Кузманоска е неизмерно среќна што стиховит се искористени за песната од групата Мистерија, која свири рок и поп музика на англиски, но нивната љубов кон Македонија се слуша во секој тон.
Групата снимила над 100 песни, преработки и авторски композиции и на македонски и на англиски.
![]()

