ОК на ВМРО – ДПМНЕ одбележа 35 години
Во амфитеатарот во Варош, ОК на ВМРО ДПМНЕ, во присуство на претседателот на партијата Христијан Мицкоски, одбележа 35 години. Преку видео материјал се потсети на историјата на ВМРО ДПМНЕ, на конгресите, победите, пркосењата…
– Три и пол децении, тоа се генерации на вложен труд, многу жртви, многу победи, но и многу предизвици. Од почеток сме гласот на народот, чувар на неговата волја, вредности и неговата иднина – рече Дејан Проданоски, претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ.

Традицијата е водилка.
– Денес со гордост велиме – партијата е повеќе од политичка организација, дом за сите кои веруваат во достоинство, во правда и во љубов кон татковината. Успесите се заеднички капитал. Поразите се поттик за обединување кон успехот. Не е доволно да кажеме дека изградивне инфраструктура, патишта, училишта, фабрики… Успех е да се изгради надеж кај луѓето. Успех е што создаваме можности за младите, за сигурност во семејствата и гордост за секој граѓанин… – рече Дејан Проданоски, претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп.
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски истакна дека локалните избори не се обични. На сите им е јасно дека апсолутен победник ќе биде коалицијата што ќе ја предводи ВМРО ДПМНЕ.
![]()


