Мал фудбал: Крушево
Во Крушево се одржа првото издание на Меморијалниот турнир во мал фудбал “Сотир Мазар”, во чест и спомен на неодамна починатиот Сотир Стојчески – Мазар. Бил голем љубител на фудбалот, навивач на италијанскиот Милан, а на турнирот токму екипата со име Росоњери – име од прекарот поврзан со Милан, победник е меѓу 12 тима. Во финалето Росоњери – Дени кар 3:0. Трета е екипата Јанески транс со триумф од 2:1 врз Тео с. Селце.
Најферплеј екипа е Пластика, голман – Благојче Спасески (Јанески транс), стрелец – Ѓорѓи Стрезовски со 12 гола (Росоњери), млад талент – 15-годишниот Петар Ристески (Крушевска одаја).
![]()

