Победа во Новаци, Г. Коњари со Детонит

Фудбал: Стартува Втората лига

Помина летната пауза и утре (сабота) од 17 ч. стартува новото првенство од Втората лига на Македонија. Интересно ќе биде во борбата за опстанок, поради директното отпаѓаат пет тима.

Според распоредот, екипата Големо Коњари дома игра со Детонит од Радовиш. Мечот ќе биде тежок, оти Г. Коњари е нов второлигаш, а Детонит лани беше на високото петто второлигашко место. Победа му гостува на Новаци. Секоја прогноза е несигурна поради промените во играчкиот кадар, а и поради претходниот пласман – Новаци на 11., Победа на 12. место. Преодниот рок е во тек до 6 септември, па уште се можни нови играчи.

Други двојки за 1. рунда: Вардар (Н) – Тетекс, Брегалница – Кожуф, Скопје – Слога, Охрид – Беласица, Саса – Осогово, Преспа – Шкендија А.

В среда за Куп Победа дома игра со Башкими од Куманово.

Loading