Фељтон: Томе Велјановски
Гости имаше доволно. Марулски гости беа свато Игне Трајан. Јанкоски Петре, прв брачед од стрико на домаќинот Крсте. Надворешни гости беа Здравески Гоце Соло, голем девер на венецо при венчавката на младоженците Трајче со Верка, брачед на Трајче од тетка, присестра на Крсте со неговата жена Трајана, ќерка на Јован Неданоски – Делоски од с. Штавица. Здравески Трајан Соло, брат на Гоце, внук од сестра на Крсте со неговата жена Таса Новаческа, ќерка на Димитрија Новачески од Марул.
Тодор Мамалига од с. Мојно, роден брат на домаќинката Крстејца Дуна во младите години се удомил, па и се развел. Никогаш повеќе не се преженил. Тодор животот го врвеше кај своите роднини кои ги имаше во повеќе села. Кај сестра му Дуна во Марул. Тасе сестра му мажена за Попоски Борис во с. Црничани. Кај братот Трајан во с. Мојно, кај тетка му Митра, сестра на татко му иначе маштеја на Колески Ќире во Марул, кај нејзините ќерки Крста мажена за Маркоски Петре во с. Чумово. Кај нејзината сестра Добра, мажена за Јанко Јанкулоски во с. Бонче. Кај Здравески Атанас Чонев,Чона на Тодор тетка, на татко му сестра. Кај нејзините ќерки, на Тодор први брачеди, Пауна мажена за Тале Кржески во с. Подмол и кај нејзината сестра Јоца, мажена за Вршкоски Ристе во с. Ерековци. Кај Павлески Ванчо во Марул, полубрат на сестра му Дуна каде се гледала и растела како раненичка, усвоена од родителите на Ванчо Павлески, Петре и неговата жена Темјана, родена Најдоска Бешлакоска во Подмол. Тодор во Марул се осеќа како Марулец, ги познава од најстар до најмлад, средба и разговор има со сите. На два пати во Марул беше пазарен да ги паси коњите во есенеско ноќно време, се мисли на марулските коњи во 1957/59 година. Најверојатно така беше договорено помеѓу домаќинот Трајче и свирачите. После една мала пауза, музиката се активира, куќата се развесели со песни и ора. Трајче домаќинот даде реч, сите кој се овде, да останат за вечера, има место за сите. Во негова чест младите остана за вечерата. Во касно ноќно време заврши Арханѓелската весела вечер кај домаќинствата во Марул за 1959 година.
Само за една неделна седмица се Божикни пости, тоа е радост за децата кога ќе завршат перачките во реките, сиот огрев, остатокот огрев за под котлите им го дават, остават на децата кои палат и прават слава, викотници Коледе, коледе, коледе.
За денот куќната слава Варвара во Марул имаше 10 домаќинства, тоа се сите Танески. Од нив Китан се исели пролетоска во с. Ерековци. Остана уште девет домаќинства со куќна слава на Варвара. Вечерта за денот Варвара, младинската група од 16 членови заедно со музиката во 19 саатот од кај сред селото тргна за вечерна куќна Варварска прослава за кај Танески Блаже. Групата омладинци кај Блажевци пречекани домаќински со сите почести. Во куќата имаше повеќе, кој од селата и надворешни гости, тука беше и тајфата од Коле Бошески со младоженците Трајче и невестата, свекрвата Мара и Блаже домаќинот се сестра и брат.
После една мала пауза свирачите Нацко, Симон и тапанџијата Петре започна со музиката, се разви веселба во куќата со ора и песни. Во таа веселба се приклучија и домашните играорци Богоја, неговата жена Зора, нејзините золви Стева, Коца, Грозда брачедот му Трајче со неговата невеста Спасија, се направија повеќе ора и песни, младите весело е напуштија Блажеската куќа и влегоја во куќата на неговиот брат Танески Крсте.
Кај Крстевци, куќата отворена. Тоде гостите во дворот ги пречека младите гости, ги смести на гостинските трпези, ги понуди да сами се понудат и почестат од било што е поставено на трпезите. Гости ги имаше повеќе кој од селото, кој надворешни, меѓу нив и тајфата на Крсте Јанкоски поради во ближна род домаќинката Тодејца Писана и мајка е на Трајчејца Верка Игнејца Грозда се родени сестра и брат. Со изведени неколку ора и песни младите гости е напуштија Крстеската куќа и замина на посета кај Танески Тане, брат на Крсте и Блаже. Младите гости кај Тане предводени од синот Спасе примени како почесни гости обезбедени места на гостинските трпези понудени од сé кое го има на трпезите заедно со пијалокот. На трпезите имаше прилично доста гости, кој од селата, кој странци. Со неколку песни и ора свирачите и младинците е напуштија Таневата куќа и замина преку река кај Крлешката за кај Танески Недан во Јужното маало Трета бригада.
Кај Недановци гостите влегоја распеани со ора и добро примени, понудено да седнат на трпезите поред дојдените гости кој домашн ии јабанџи, ги имаше прилично доста гости. Марија, ќерката една од близначката со Драгица, беше дојдена навидум од Прилеп каде чува деца како градска понуда во чест за сите свари кафе. Со еден мал престој од страна на свирачите, куќата се развесели од нивната музика, се створија весели ора во кој зедоја учество во играње и Неданоските девојки Милица, Драгица, Марија и Нада. Средбата заврши весело, спомените остануват вечно. Младината весело е напушти Неданоскатакуќа, влегоја кај Ордан Танески. Кај Ордановци младинците предводени од нивниот младинец Методија. Гостите и свирачите со голема чест седнати на гостинските трпези, почестени кој што милува да се послужи од сервираното на трпезите. Ова вечер е многу весело расположение кај младината со присуство на веселиот народен пеач и играорец Раде Бабјак кој е носи и неговата сестра Пеше, весела и играорка девојка, нивната баба на мајка му мајка, е Петра Танеска.
Ордановци има гости меѓу кои неколкумина на кои им е куќна слава Св. Никола и порача да за нивната куќна слава да не се заборави за да бидат непосетени добро дошле сите заедно со свирачите и кај нас. Свирачите е започна веселбата со тешко оро кој го водеше синот Орданов Методија. Со одсвирени неколку песни и ора, младинците е напуштија Орданоската куќа и замина за кај Мицевци Танески.
Продолжува
![]()

