Дар на историјата и природата

Отранто

Отранто е мал јужен италијански град, што лесно може да се прошета. Блиску е до Полигнано а Маре, од Бари. КОј што е во блиазина секако да го “открие” овој бисер на италијанското брег на крајниот дел од полуостровот Саленто. Историјата го надарила со многу богатства. Бил грчко, римско византиско и арагонско седиште. Денес е древно место ,познато како Гласник на мирот и дел од светското културно наследство на УНЕСКО.

Во вечерните часови е дожувување човек да се “прегрни”, бидејќи воодушевува со убавата атмосфера, автентичноста, уникатноста и едноставноста. На влезот од стариот дел, сведок на бурното минато пречекува тврдината, Арагонски замок. “завиткан” со вода, многупати обновуван, со три кули, иако некогаш имал четири.

Оттука патот води низ тесните калдрмисани улички полни со мистика. Така се доаѓа до палатата Лопез. Таа денес е бискупски музеј со фрагменти од мозаици. Катедралата Санта Марија од 15 век привлекува внимание, заради зачуваните остатоци од тела на мажи, погубени при турската инвазија. Црквата Св. Петар е еден од најважните споменици на византиската уметност, оти е во форма на грчки крст. Има три бродови и средишна купола, потпрени на четири столбови. Плени со византиските фрески насликани однадвор.

Фасадите на куќите од камен  низ сокачињата се украсени со цвеќиња. Во приемјето се продавнициза сувенири кафетерии… Сите илички водат кон плоштадот покрај морето. А таму миз мирисот н морката вода, излегува мискојна од специјалитетите на италијанската кујна или на чадот на печените морски плодови и риби. Круна или финиш на италијанската “манџа” секако е неизбежниот џелато сладолед, а фотографите се спомен за трајно сеќавање.

Текст и фото Каролина Мицевска

Loading