Византиски монашки центри во Македонија, традиција и континуитет

Проект на Инстутот за старословенска култура

Инстутот за старословенска култура ќе го реализира проектот Византиски монашки центри во Македонија, традиција и континуитет. Потпишан е договор меѓу Институтот и Министерството за образование и наука.

Проектот е дел од групата истражувања кои се од висок стратешки и национален интерес. Се вложува во забрзан развој на науката со буџет за 2025 година од 680 милиони денари, што е речиси двојно повеќе во споредба со лани.

Проектот има мултидисциплинарно истражување. Ќе се проследи континутитетот на културните, уметничките и духовните манифестации во најзначајните манастирски центри.

– Истражувањето ќе се фокусира на континуитетот на човечкото присуство и културните процеси од античкиот период, преку ранохристијанството и средновековието, до денес. Ќе се истражуваат манастирките Св. Пантелејмон, Св. Климент – Плаошник, Успение на Пресвета Богородица – Трескавец, Св. Никола во селото Манастир, Мариово, Св. Преображение во Зрзе, Св. Димитрија кај Чебрен, Св. Богородица Елеуса во Вељуса и др. Избрани се поради исклучителната важност како духовни, културни и уметнички жаришта. Ќе се пристапиод повеќе аспекти, вклучувајќи археологија, историја на уметноста, историја на јазикот и етнологија да се добие целосна слика за нивната улога во цивилизациските процеси на Балканот и на Источниот Медитеран – велат од Инстутот.

Проектот веќе е препознаен и надвор од Македонија. Две реномирани институции од САД, Универзитетот Принстон и Универзитетот Хамболд, изразиле интерес за вклучување, објавувањето и ширењето на резултатите.

Истражувањето ќе ги продлабочат сознанијата за нашето богато културно наследство и ќе го постави Институтот за старословенска култура на мапата на меѓународните научни истражувања.

Loading