Турнир “Сотир Мазар”

Мал фудбал: Крушево

Во средата почна првото издание на Меморијалниот турнир во мал фудбал “Сотир Мазар” во Крушево. Во чест и спомен е на Сотир Стојчески – Мазар, кој ненадејно и прерано на 31 година го заврши животот, на 23 април. Сите што го познаваат, од Крушево, Прилеп и други места, за него говорат со одбрани зборови, дека бил интелектуалец пред времето, кој се одликувал со верно другарство и скромност. Поради тоа што бил голем љубител на фудбалот, во негова чест е турнир во мал фудбал.

Учествуваат 12 тима. Првите два дена во групната фаза поминаа во фер и коректна игра, одлична организација со повеќе покровители, од кои главен е Општината Крушево. Вечерва завршува групна фаза, в сабота е четвртфиналето, в недела полуфиналето и завршните дуели за наградите, меѓу кои паричните се вкупно 80 илјади денари.

Секој ден програмата почнува од 18 часот, на повеќенаменското игралиште на Гумење.

Loading