Танц, музика и филм

В недела кај Саатот

Саатот не е само стара кула во срцето на градот. Тој е сведок, симбол и простор за поврзување на генерациите и културите. Подножјето прерасна во место за средби, идеи, пријателства, иницијативи, дебати, музика и игранки…

Внедела, Јавен простор заедно со Winter Appricots, Ќе ја организираат манифестација  насловена “Кај Саатот – за Саатот”. Со присуство, музика, танц и заедничко сеќавање ќе се одбележи значење, не само низ бројки и датуми, туку преку дружење и културна меморија. Ќе се одбележат 200 години од изградбата на првата Саат-кула и градската чешма.

Ќе има краток филм за настанувањето, симболиката и значењето на Саат-кулата, при што се користени архивски снимки и материјали на пријатели. Ќе има забава и дружба со RobbieRay LedRobot и неговите ласери, како и неколку други пријатни изненадувања (изложба, разгледници).

Саат кулата е изградена во 1858 од мајсторите Коста Лауц и Ристе Тасламиче. Стои на местото на постара дрвена кула од 1825/26, изгорена во големиот пожар од 1854 год. Под него се наоѓала и градската чешма од 1826. За отчукувањето до смртта се грижел Димко Граше, а денес Димитар Чучуроски.

Loading