Сливи за чист црн дроб

Сливата е најстариот лек за регулирање на дигестијата на храната и средство за празнење на цревата. Има способност за чистење и црниот дроб.

За детоксикација на црниот дроб и крвта се потребни 8 до 22 свежи зрели, непрскани сливи. Ако се прскани се оставаат еден час во раствор со сода бикарбона. Потоа убаво се тријат и се мијат под млаз од ладна вода. Се сечат на половина да им се извадат семките. Потоа пак се преливаат со ладна вода. Садот се поклопува со капак и се остава до следното утро. Следниот ден се цеди водата и излегуваат некои непотребни состојки. Пак се преливаат со вода, но колку да бидат прекриени. Се ставаат на оган, а откако ќе зовријат, се намаува температурата на најтивко и се варат 2-3 часа. За тоа време потребно е 2-3 пати да се смени водата. Значи, секој час се истура старата вода, па се долева нова, колку да се прекријат. Кога ќе заврши варењето, сливите се јадат топли, со малку вода, сите одеднаш, на празен стомак. Постапката е најдобро да се прави наутро. Додека се варат, се пие вода или чај.

Сите видови на сливи се лековити, но најдобри се црвените. Доколку ги нема, може да се користат какви било.

Оваа постапка е потребно да се применува во текот на цела една недела непрекинато, секој ден, а доколку станува збор за некое петешко заболѕвање на црниот дроб, тогаш јадете ги две недели или повеќе ако е потребно.

Loading