Подготовки од 11 дена

Фудбал: Победа

Има собир фудбалерите на второлигашот Победа. На Градскиот стадион прво шефот на Стручниот штаб Стојанче Дунимаглоски и асистентот Дејан Кебакоски се сретнаа со околу 20 фудбалери. Потоа се изведе и првиот тренинг. Се дозна дека претстојат мини-подготовки од 11 дена до првенствениот старт на 23 август во Новаци. Покрај секојдневни тренинзи се планира барем еден пријателски меч.

Иако доста првотимци заминаа, клубот бара квалитетни поединци на сите позиции. На располагање се досегашните членови на младинската екипа. Тука се и дел од првотимците кои пролетоска настапуваа. Се очекуваат и повратници, како и засилувања. Веќе се спомнуваат Дарко Тофилоски, Горан Димоски, Николче Шаркоски, Лука Трајкоски, Христијан Драгарски и други.

Новости има и за раководството на клубот. Нов извршен директор е Филип Илиоски (претходно повеќе години, а и сега генерален секретар), а нов сопственик на 70 проценти од акциите е Владимир Мирчески (досега познат како генерален секретар претходните три месеци). Со блиските соработници тие се во борба за опстојување на клубот што е во тешка финансиска ситуација. Покрај одобрената донација од еден милион денари од Општината, се бара помош и од компании, од Стопанската комора.

Претстои тешка сезона, бидејќи дури пет тима директно отпаѓаат од Втората лига.

Loading