ЦК “Марко Цепенков” го реализираше инспиративното и уникатно литературно-уметничко “пловење”, облагородено со доза на филозофска длабочина на уметницата Александра Ацеска. Разговорот го водеше Иван Ивановски, а промотор на книгата Флоњ беше Филип Димкоски со модераторот Александар Еленин.
– Го истражувам патот на животот преку водата. Проектот содржи уметнички дела, како и уметничка книга, составена од неколку приказни инспирирани од моето искуство во Кина и на четири жени чии патишта се спојуваат и разидуваат при промени, интроспекции и созревање. Се следи филозофијата дека животот, како водата, е во постојана промена. Тоа е потсетник дека отпорноста, радоста и рамнотежата не се дестинации, туку текови што ги учиме – вели Ацеска.
Ацеска (1994) е прилепчанка. Живее и работи во Кина. Во 2017 дипломирала на Факултетот за ликовни уметности Скопје и магистрирала сликарство на ФМУ во 2023. Имала неколку самостојни изложби, учествувала во голем број групни и е добитник на домашни и меѓународни награди.
![]()

