Мали привлечни италијански места
Галиполи е мало градче во Јужна Италија. Престолнина е на областа Саленто. Расти интересот за престој, затоа напредува во секоја смисла. Особено поради тоа што е мало уметничко, автентично гратче. Плени бидејќи се најдува на мал остров. Првиот впечаток е мостот што го поврзува новиот со стариот дел. Тука сé е подредено на апулската култура, од мирисот, обичаите, продавниците, дури и жителите кои седат пред куќите. Галиполи живее од туризмот и од продажбата на маслиново масло. Местото е поделено на два дела, нов и стар.

Обиколено е со римски и византиски цитадели. Во стариот дел се кренале дури 17 цркви и 18 палати. Владее барокната архитектура, со нагласена декорација,. Прошетката обично тргнува од грчката фонтана, која се смета дека е најстара во Италија. Скулптурите на водоскоците се копија од антички скулптури. Дното е поило за животни. Потоа преминете преку мостот од 16 век. а подоцна обновен. Има повеќе лакови. Со реконструкцијата се прилагодил за современиот патен сообраќај. Тврдината го штити дворецот од копно. Тоа е извонредна градба со одбранбен ѕид и кула. Пожелно е да се наѕре на градскиот базар, а потоа да се “нурне” низ лавиринтот од тесни калдрмисани улички. Тие водат до центарот, односно до базиликата Св. Агата, градена на остатоци од постара црква. Фасадата í е украсена, типична за барокна архитектура во стилот на Лече. Блиску се песочните плажи кои го допираат кристалното море. Мир и спокој владее вон сезоната. По пробата на синилото удирано од брановите на плажата Пескулозе од 8 км.., викана Малдиви во Италија можен е одмор.

Патот потоа води кон Санта Марија ди Леука, најјужната точка на Апулија со непрегледна морската ширина. Местото е родено за уживање. Ама последниве години е нападнато од туристи и е претворено во монденска дестинација. На врвот е плоштад, на кој доминира светилникот од едната страна, а катедралата од другата. Фантастичен поглед, особено на зајдисонце. Глетката е величенствена, оти небаре сонцето тоне, а небото е обоено со невероватно различни нијанси на портокалова боја. Романтично! Од плоштадот како на дланка “се има” уреденото пристаниште со марина за бројните јахти, глисери, едрилици и други пловила.

Најјужниот брег на Италија уште не е окупиран од “наездата” на туристи. Тишината му е предност, која треба да се “вкуси”.
Текст и фото Каролина Мицевска
![]()

