Препознатлив бил градот по магарињата за пренесување на тутун во кошеви. Така се откриваат интересни мигови на радост на децата, качени на арабаџиска кола од постар тип, влечена од коњ.
Децата уживале во возење, на велосипед, мотор, а на доживувањето и раскажувањето им немало крај. Ретко некое уживало во возење со автомобил. Во отсуство на меки амортизери и брзина, не помала забава и задоволство претставувало возењето во арабаџиска кола. Иако по малку небезбедно, поради понекогаш нескротливите коњи или мазги, и во ризикот имало кеф за кажување. Игрите куцкамен, челик – чомак и други се заменети со паметните телефони и социјални мрежи. Затоа, тешко се најдува одговор на прашањето, кој уживал повеќе – некогашните генерации со возбудата на арабаџиските коли или денешните со виртуелни комуникации и “адреналин” на компјутерите.
![]()

