Илјада метри нов асфалт на “Александар Македонски”           

Почна реконструкцијата на дел од улицата “Александар Македонски”. Околу илјада метри на делот од кружниот тек кај Солидност до крстосницата со улицата “Сотка Ѓорѓиоски”, позната како Чумовчани, ќе добијат нова асфалтна постилка.

Последниот слој бил ставен пред три-четири децени, а коловозот, по повеќето крпеници, веќе не дозволува нови интервенции, туку само комплетно реновирање со нов асфалтен слој на најфреквентната сообраќајница во градот.

Поради густината на сообраќајот и работите на реконструкцијата нужна е внимателност и трпеливост.        

Loading