Игралиштето доби дозвола

Фудбал: Големо Коњари

Нема повеќе дилеми каде како домаќин ќе ги игра натпреварите новиот второлигаш Големо Коњари. Тони Даноски, претседателот на клубот,  изјави дека сите домашни мечеви од првото до последното коло ќе се играат во Големо Коњари. По реновирањето на игралиште, добиена е дозвола од ФФМ за натпреварите во Втората лига. Така отпаѓа варијантата Големо Коњари да игра како домаќин на Градскиот стадион во Прилеп. Единствениот меч на тој терен ќе биде на 27 септември во 6. коло, кога Победа ќе го пречека Големо Коњари.

Одиграни се четири пријателски мечеви, со Победа Валандово 2:0, со Евротип Битола 4:0, со Пресил 7:0, со Вардар Неготино 0:3.

Loading