Дождот го ублажи падот на родот на тутунот

За околу 30 отсто ќе падне продукцијата на тутун оваа реколта поради екстремно сушното време. Ова се проценките на стручнаците, кои типуваат дека последниот дожд колку толку ќе го ублажи намалувањето на родот.

Годинава поради атрактивните цени на тутунот лани, порасна интересот кај производителите. Ги имаше повеќе, а традиционалните тутунопроизводители ги зголемија површините. Според асоцијацијата на тутунарите, се засадиле 14.300 хектари или околу 15 отсто повеќе. Лани биле 27000, а годинава 33000 производители. Прогнозата на асоцијацијата е дека реколтата годинава ќе тежи максимум 19 илјади тони.

Годинава тутунарите бараа 510 денари за прва класа, а од откупувачите добија само 420 денари.

Loading