Ракомет
Големо изненадување во машкиот ракометен суперлигаш Прилеп. Левото крило Христи Бикоски замина во прволигашот Вардар од Неготино. Неготинчани покажуваат големи амбиции за пласман во ранг погоре, во Супер лигата. Не случајно таму нов тренер е легендарниот Пепи Манасков.
РК Прилеп, под водство на новиот тренер Наум Танески, веќе 24 дена се подготовува за новата сезона. Одиграни се два контролни меча, првиот со скопски Алкалоид во Маврвово, а вториот со скопски Мултиесенс во Прилеп. Претстојат уште тренинзи и пријателски натпревари, вклучително и на Меморијалниот турнир “Миле Нешкоски”.
Во женскиот ракомет, досегашниот тренер на Деспина Адријано Котевски замина во Аминтас, грчкиот второлигаш.
![]()

