Бамјата не е непозната. Има луѓе кои не ги запознале благодетите на лековитата бамја, а е позната пет илјади години. Османлиите ја третирале и како вкусна храна, и како афродизијак.
Бамјата е деликатес и специјалитет како храна. Лек е за здравје и за убавина. Богата е со витамини и минерали. Чајот од бамја го регулира шеќерот. Како лек се среќава и ,,водата од бамја… Корисната слуз совршено ги лекува гастритичните заболувања, особено хеликобактер пилори. Маслото решава дерматолошки проблеми, хемороиди и брчки! Првиот растителен ботокс е направен од бамја.
Може да се јаде свежа, само со кусо обарување или да се додава во било кое јадење 10 минути пред крајот. Се комбинира со домати во салата и со мал додаток на ѓумбир или босилек, масло од тиква, јаболков оцет… Се чува за сушење, замрзнување, бланширање и маринирање. Сувата бамја се користи како природен емулгатор, корисен за слаткарите, оти ја намалува кристализацијата на шеќерот.
ВОДА ОД БАМЈА
Водата од бамја го регулира шеќерот и го намалува холестеролот. Потребни се 2-4 свежи бамји. Се сечат на краевите и надолжно, па се ставаат во чаша со вода или стаклена тегла. Се оставаат преку ноќ. Следното утро се цеди течноста и по потреба се додава уште вода. Се пие течноста, половина час пред појадок.
![]()

