Вечер на унгарски танци и песни

Пред ЦК Марко Цепенков

На платото пред ЦК “Марко Цепенков” вечерва од 19.30 часот ќе се одржи Вечер на унгарски танци и песни со настапот на фолклорниот ансамбл Ризгетош со оркестарот Фокош. Концертот, со повеќегодишна традиција, е дел од пограмата на Центарот, од меѓународна соработка. Се реализира заедно со Здружението на Унгарците Теледом – Македонија, амбасадата на Унгарија во земјава и Министеството за надворешни работи на Унгарија.

Народниот оркестар од Кисхегѕес – Ризгетос основан е пред 30 години. Во друштвото работеле најголемите познавачи од Унгарија, благодарејќи на што е во постојан развој. Покрај автентичните народни танци, се негува и танцов театар. Големо внимание посветуваат на постојаниот подем и зачленување на млади. Секоја година учествуваат на познат војводински фестивал за народни танци. Според стручната фела, со години е етаблиран како најистакнат унгарски народен ансамбл од Војводина. Од 2005 година редовно учествуваат на најелитните натпревари за народни ансамбли во Унгарија каде учеството е оценето за највисок квалитет.

Добитник е на плакетата Мартин.

Народниот оркестар Фокош (Фокос) е формиран во 2010 во Бечеј- Бојводина. Издал 6 ЦД носачи. Покрај во Војводина и во Унгарија, имало концерти и во Македонија, во Австрија, Чешка, Германија, Финска, Белгија Холандија и Велика Британија. Биле гости и во САД.

Loading