Фудбал: Големо Коњари
Долги летни подготовки има новиот второлигаш Големо Коњари, под водство на новиот тренер Јовица Блажески. Покрај тренинзи, се одигруваат и пријателски средби. До првенствениот старт има време уште за две, а досега одиграни се три. На досегашните постигнати се две победи (2:0 со Победа од Валандово и 4:0 со Евротип од Битола), доживеан еден пораз (3:0 од Вардар во Неготино). Се очекува викендов да има нов тест, а уште еден, последен на 16 август.
За сето ова време клубот добива поддршка:
– Голема благодарност до Неговото високопреосвештенство Митрополит европски господин Пимен за неговата финансиска и морална поддршка. Благодарни сме на Отец Горан Мантароски кој е секогаш тука за нас – информираат од ФК Големо Коњари.
![]()


