Стомнароски опериран

Фудбал: Скопје

Позитивна вест доаѓа од Скопје, од болницата “Осми септември”. Успешно е опериран поранешниот стопер на Победа, Филип Стомнароски. Надвор од теренот беше поради скинат лигамент и менискус. Според лекарите, заздравувањето ќе трае 9 месеци, по што може да се очекува враќањето на теренот. Стомнароски е познат како играч во одбраната. Одлично се снаоѓа и во нападот. Се паметат и неговите голови. Последен негов клуб е третолигашот Обршани.

Последните две години се посвети и на работата како професор по физичко и здравствено образование, како и на тренерската работа во Фудбалската школа Вондеркидс.

Loading