Почнува серијата тестови

Ракомет: Прилеп

Десетина дена во тренажен процес е РК Прилеп, член на машката Супер лига на Македонија. Според планот од стручниот штаб предводен од новиот тренер Наум Танески, време е за одигрување пријателски мечеви. Така денеска има дуел со скопски Алкалоид на тренерот Кирил Лазаров. Мечот е во Маврово. Пет дена подоцна, в среда, Прилеп за ривал ќе го има скопски Мултиесенс, на дуел во прилепската сала од СОУ “Ристе Ристески – Ричко”. Потоа ќе се очекува организацијата и учеството на Меѓународниот турнир “Миле Нешкоски”, така што исполнет ќе биде и месецот август, во пресрет на 6/7 септември и првенствениот старт дома со Еурофарм Пелистер 2 од Битола.

Оптимизам во борба за плејофот носат засилувањата – Сандро Дарсанија (играше во Португалија), Божидар Лековиќ (Азербејџан) и Димитар Димитриоски (Шпанија).

Loading