Мини-подготовки?

Фудбал: Победа

Најтешко е да се информира за клуб од каде нема никакви официјални информации. Таков е Победа. Така се потпираме на неофицијалните информации.

Иако до заклучувањето на весников екипата не почна со тренинзи, иако постоеше најава. Подготовките и подоцна и во мини период би биле од полза. За тренерот Стојанче Дунимаглоски со асистентите се зборува дека би можеле да соберат играчки кадар од фудбалери што не заминаа никаде и од прилепчани кои сакаат да се вратат од други клубови. Важно е да се почне, а потоа е вербата дека ќе биде се подобро и подобро.

На првенствениот второлигашки старт на 23 август е гостувањето во Новаци.

Loading