Матера
Уникатни стари градби во камен, видиковци, цркви, плоштади… Тоа може да се види во Матера, градот со базиликата во Италија. Место се споредува со Витлеем. И Мел Гибсон го снимал филмот “Страдањето на Исус”. Матера се посетува кога не е многу жешко, возбудата да биде посилна. Уникатноста на историската камена Матера препозната е 1993 година. Тогаш станала светско културна наследство на УНЕСКО. Градот е единствен во Италија со специфична архитектура од натурален тип. Предизвикува интерес и восхит.

Пожелно е да се обујат удобни патики да може да се дозволидолга прошетка во градот, стар над 10.000 години. Создаден е на карпи, над клисурата на реката Гравина. Отсекогаш бил сиромашен, со неповолни услови за живот. Откако бил прогласен за светско културно наследство на УНЕСКО, доживеал туристички атак и станал популарна дестинација.

Возбудливо е низ тесните улички, проектирани да се оди горе и долу. Небаре лавиринт. Предизвик се мноштвото камени скали за качување и за слегување. “Маката се исплати”. Не се тоа само наредени функционални камења. Историскиот дел има два дела, Сасо Кавеосо и Сасо Барисано. на средина се одделени со “парчето” Чивита, што служи за заштита на катедралата Матера и древните племенски палати. Името Сасо Кавосо се поистоветува со пештерските куќи кои до 50 години биле домови за граѓаните. Од друга страна Сисо Барисано, името го добило по древно семејство. Навистина, тоа е убав дел со извајани портали и фризови, организиран по квартови, куќи кои имаат мал простор, од каде се гледаат пештерите вокои живеела историја.

Интересна е прошетката околу катедралата. Се издига највисоко . Градена е меѓу 1230 и 1270 година, посветена на Мадона делла Бруна. Во апулски стил е. На главнада фасада се орнаментални елементи со религиска содржина, како на пример фино украсен портал во кој е поставен ликот на Мадона. Другиот елемент е роматичната роза на прозорецот на средината на фасадата. Сликата да би бидипотполна, нужно е да се посети музејот Ридола, уште неколкуте значајни цркви, од многуте, како што се Сан Франческо, Санта Марија…
Најубавите погледи на древниот, впечатлив камен град е од неколкуте панорамници. Сепак стратешка панорамнска со фатанстичен поглед, особено при залез на сонцето, е Белведере. Како пред очите да минува историјата на градот. Се наоѓа во паркот Мурѓија Материана, извонредно природно подрачје со спектакуларни пештери, мали цркви.
Неизбежно окото го тргаат повеќето палати, меѓу кои Ланфранчи, со асиметрична форма, во барокен стил. Никогаш доста време за “средба”со Мадера. Не може да се прескокни големата цистерна, наречена катедрала на вода, која со години ги задоволува потребите на граѓаните.
Одморот се прави со сите сетила. Да се почуствува духот на историјата. Така се вкусуваат специјалитетите на градот пред да се продолжи до следната апулска дестинација.
Текст и фото Каролина Мицевска
![]()

