Волшебството на луковата вода     

Водата од отстоен лук треба да ја пијат луѓе кои страдаат од замастеност, висок шеќер, остеопороза и слаб имунитет. Лековитата вода ги спречува бактериите, паразитите и вирусите да се размножат низ организмот. Телото се чисти и се штити од настинки. Се забрзува регенерацијата на клетките. Закрепнува од болести. Може да консумираат и здрави луѓе, дијабетичари, оние со висок крвен притисок, холестерол, болни зглобови и бубрежно болните. Помага и при слабеење.

Лукот има многу силен, а за некои и непријатен мирис. Тој е моќен природен лек. Алицинот е одговорен за намалувањето на маснотиите во крвта, намалување на крвниот притисок, јакнење на имунитетот. Лековитата вода од лук лесно се дигестира во желудникот. Потребно е да се пие секое утро за позитивно влијание.

Секојдневната консумација е рамна на ефектите на суплементите за прочистување од маснотии и шеќер. Дијабетичарите ги бележат ефектите по 7 дена. Антибактериското и антибиотското дејство лекува урогенитални инфекции и инфекции на мочниот меур. Позитивно делува на зглобовите. Лукот ги согорува мастите и го стимулира топењето на килограмите.

Потребни се една чаша вода и 1 излупено чешне лук, пресечено на половина. Се става во чаша со вода да стои 24 часа на собна температура. Лукот пушта лековити супстанции во водата.

Секој ден треба да се подготви нова доза за следното утро. Доволно е една чаша наутро, на празен стомак.

Loading