Три контроли

Фудбал: Големо Коњари

Висока победа од 4:0 постигна Големо Коњари на својот терен против Евротип од Битола, на пријателскиот дуел. Новиот второлигаш беше подобар од второпласираниот во Третата лига – Југозапад, а головите ги дадоа Андреевски, Наумоски, Станојоски и Бешовски. Беше втор тест за големокоњарскиот тим, по првиот кога со 2:0 дома беше совладан третолигашот Победа од Валандово, со двата гола на Беким Алими. Имаше и трет тест, вчера, со второлигашот Вардар во Неготино.

Што се однесува до Втората лига, во 1. Рунда на 23 август Г. Коњари дома игра со Детонит (Радовиш), Победа е гостин во Новаци, а за Куп на 27 август Победа е домаќин на Башкими од Куманово.

Loading