“Пловидба” од Александра Ацеска

 Изложбата во Скопје

Нашата уметница Александра Ацеска, која повеќе години живее и твори во Кина, се претстави со дела насловени “Пловидба” и со уметничка книга во Скопје.

Изложбата ја истражува женската природа, отпорност и идентитет преку приказните на четири жени кои ја инспирирале.

– Концептот се поврзува со движење, преминувањето низ предизвиците и ограничувањата со кој се среќаваме во животот и творештвото. Уметничката книга е инспирирана од азиските свитоци, комбинира традиционални техники (како суминагаши) со современа дигитална уметност, создавајќи дела кои покрај своја порака се отворени и за индивидуална интерпретација. Промовирана е книгата и дијалог со публиката, каде се нагласува важноста на комуникацијата и разбирањето на уметноста надвор од уметничките кругови. Филозофија ми е да не се форсираме на креативниот процес, туку да се следи природниот тек на животот како и уметноста, што се одразува во нејзиното органско и флексибилно пристапување кон творештвото – вели уметницата.

Ацеска е дипломец и магистер на ФЛУ Скопје. Живее и твори во Кина. Имала повеќе самостојни изложби во земјава и во странство, како и групни. Во 2017 година била прогласена за  најиновативен сликар и за нејзиното творештво е добитник на повеќе награди.

Loading