ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (298) – 3 ДЕЛ

Бесплатна објава

Фељтон: Томе Велјановски

Трајан и брато Алексо Василоски живеат во куќата со еден покрив. Куќава некогаш била Василоска односно Дамјаноското трло направено на Чајрот на утринско државно земјиште. Но, по убиството од страна на таткото на децата Јован над стрикото Дамјан во местото Капка во Русечкото во есента 1924 година при делба за една необрана пењушка тогаш делени. Дамјан бил убиен со дрвеното кросно од разбојот со кое Јован го тропчкал грозјето обрано во кацата.

Јован Василов Дамјаноски за убиството на стрикото Дамјан Дамјаноски бил осуден од тогашните судски власти на осум години затвор. Во 1932 година Јован си дошол од затвор фамилијарно со жената Менка Кузманоска родена во Волкосело и децата Трајан и Алексо се иселил во трлото. Јован бил дарбосан мајстор за повеќе занаети од обично, трло објектот го претворил дом за живеење. Во ова куќа во 1933 година им се родило трето дете машко крстено Петре. Родителите на децава им починале, мајка му Менка во 1941 Јован 1889 – 1942 година.

Кога се поделија браќата во педесетите години Петре неоженет остана кај постариот брат Трајан. Куќата е поделена на три еднакви дела. Петре неоженет се вработи во Прилеп кај Алавантија и неговиот дел од куќата му остана на брато Трајан. Затова Трајан имаше поголема површина од куќната површина. Младите гости кај Алексо беа добро пречекани и почестени од сé што му душа сака на гостинската трпеза. Други гости му беа родителите на домаќинката Алексојца Тодорка од Златевци од с. Добрушево, потоа марулците Павлески Аце внук од стрико од прва брачеда на Алекса од Васка Ванчојца Павлеска. Велјаноски Благоја Марулец врсник и школски другар за во Подмол партизански војници во слободно време музичари. Благоја кларинетист додека Алексо беше тапанџија. Додека младите со неколку ора и песни е развеселија куќата од Алексо и отидоја во комшивската куќа од Котески Ќиро.

Котески Ќиро, млад домаќин од триесет и две годишна возраст. Неговите родители Божин и Јана кај него се догледуват. Младите гости кај Ќиро примени во домаќинската куќа и почестени од секое поставено на гостинската трпеза. Гости од надворешни свет му беа ќерката на Божин и Јана, Елена со момчето Миле Деброски од с. Чепигово, Колески Боне и Гуле внуци од браќа е на Јана преселени од Марул во Прилеп. Од Богдан и Јован. И комшите Котески и нунчеви Јованоски Илија Крушка седумдесет годишен дедо и неговата баба Петра прочуената бајачка родена Милеска во с. Штавица Илиева врсничка. Божин осумдесет и шест годишен стар човек витален поред печката и си подпушта чад со лулето полно со тутун. Баба Јана седумдесет едногодишна зафатена со малите деца. Роса родена Велјаноска се појави да се поздрави и се врате во кујната каде и е работата таа вечер. Домаќино Киро присутен до гостинската трпеза топли ракија и остало послужување на гостите.

Младите гости со свирачите Нацко, Симон и Петре отсвирија неколку ора и песни, за тоа добија голема пофалба од прилепските гости од Боне и Гуле да само на ваков начин се одржува нашата слава и традиција замисли. Со тоа заврши посетата кај Котески Ќиро. Младите гости ја напуштија ќировата куќа, е прејдоја Капинешката река и поново влегоја во Средно маало Втора бригада одседна кај домаќинот Јованоски Ванѓел Курела.   

Продолжува    

Loading